Мицкоски: Утре ќе биде осветен храмот „Св. Елена и Константин“
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе биде осветен нов храм посветен на „Св. Елена и Константин“.
„Доаѓа денот. Утре се осветува уште еден храм. А ‘сè што е големо се раѓа во тишина и расте преку страдања’. ‘Св. Елена и Константин’ – ново светилиште, нова сила, ново заедништво,“ напиша Мицкоски на социјалните мрежи.