Антонијо Милошоски пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Утро со Златев“ во врска со вчерашните изјави пред судот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски истакна дека ја гледал неговата изјава и она што иритира е начинот на којшто еден висок функционер досегашен на оваа влада и близок другар на владините министри и на луѓето од СДСМ, ја иритира јавноста со својата ароганција, со својата надменост и на некој начин ги девалавира дури и самите новинари коишто сакаат да му постават некои прашања.

-Мојата дилема е како воопшто можат да му поставуваат прашања кога човекот официјално се води дека треба да биде во домашен притвор, тоа значи дека тој треба да биде од домот каде што живее да биде спроведен до судот и потоа од судот да биде спроведен дома, не би имал време за посебни изјави, прес-конференции и сл., истакнува Милошоски.

-Се гледа дека има двојни аршини, гледаме дека во една прилично незавидна состојба со скршена нога, со повреди, ситуација која не би посакал никој да се најде, но може да се случи Миле Јанакиески го влечкаат по судови и по рочишта, не смее да даде ни изјава, ни ништо друго, а Рашковски од друга страна дава изјави и се мајтапи буквално со целата јавност, вели тој.