Спортистите се наши амбасадори
Македонија се подготвува за одбележување на 33 години од независноста на земјата. Прославата на Денот на независноста почна со доделување на државните награди „8 Септември“ на спортисти за исклучителен придонес и промоција на Македонија во областа на спортот за 2024 година.
Пет спортисти добија награда
Меѓу 5 добитници на наградата „8 Септември“ има тројца борачи, еден фудбалер кој го постигна првиот гол за Македонската фудбалска репрезентација по независноста и селектор во таеквондо, тренер на освојувачот на медал од Токио, Дејан Георгиевски и неговиот тренер Борче Костовски. Со награда се закитија и Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Димитар Јованов и Зоран Бошковски- Чоко, кој го постигнал првиот гол за македонската фудбалска репрезентација по осамостојувањето на Македонија.
Благодарност за наградите
Наградените спортисти истакнаа дека им е чест да ја претставуваат Македонија на спортските терени и дека и натаму ќе продолжат да работат со новите генерации спортисти и на развој на спортот во државата. Министерот за спорт, Борко Ристовски ги додели наградите.