-Кога ќе слушнете дека 54 милиони евра во текот на една година ќе бидат собрани само по основ на оваа такса, а при тоа да немате направено ниту еден проект, никаква анализа или проценка каде ќе одат тие пари навистина отвора многу прашања. Дали парите ќе одат за заштита на екологијата или за здравјето на луѓето или ќе бидат наменети за други цели. Законот е во моментот во Собрание и до крајот на 2021 година ќе бидат собрани 21 милиони евра. Ви гарантирам дека ни еден во Владата поима нема за што ќе се трошат тие пари. Но, по нештата на логиката се знае за што ќе се потрошат, доаѓа октомври, доаѓаат избори така што сомнежот е многу голем, рече Додовски.

Во Македонија мора да се врати Фондот за животна средина, истакна тој.

-Во времето кога бев министер за животна средина тој Фонд собираше средства и се распределуваа за исклучиво еколошки проекти. Но, СДСМ го укинаа тој фонд. А тој фонд е изгласан во Собранието согласно законот за животна средина, изјави Додовски.

Затоа верувам рече тој, дека доаѓа времето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Доста оваа влада ги манипулира граѓаните. Граѓаните ќе направат разлика што е и како е во време на ВМРО-ДПМНЕ, а како е во време на СДСМ. И знам дека граѓаните овој октомври нема да погрешат, истакна Додовски.