Дојава за бомба на четири различни локации во Атина. Телефонски повици за поставен експлозив добиле четири грчки телевизии, грчкиот парламент и амбасадите на САД, Израел и Египет.
Во сите четири анонимни пораки било соопштено дека бомбите ќе експлодираат во 11.30 часот.
Единицата за деактивирање експлозивни направи веднаш излезе на терен, а онаму каде што беше потребно беа затворени и улиците.