На приватни електронски адреси на 14 професори денеска е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училишта, информира МВР.

Од полицијата велат дека веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.