Еден од најстарите живи борци од НОБ, д-р Никола Стојановски, претседател на Сојузот на борците, кој беше претседавач на конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание во земјава, денеска на мала свеченост го прослави својот 100-ти роенден во Собранието.

На прославата, на која имаше и торта со слика на Собранието и годините на Стојановски, еден од најстарите живи борци го пречекаа претседателот на парламентот Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи, како и раководителите на Собраниската служба на чело со генералниот секретар Цветанка Иванова.

„Голема чест и задоволство беше што денес во Собранието на Република Македонија го пречекавме првиот претседавач од историската 1991 година, Никола Стојановски и го обележавме неговиот 100-ти роденден“, напиша на својот фејсбук профил Бојан Василевски, еден од замениците на генералниот секретар на Собранието.

Тие овие фотографии ги објавија на фејсбук.