Дојави за поставени бомби биле испратени до три основни училишта во Тетово, меѓу кои „Илирија“, „Мариф“ и „Јахја Кемал“.

Информацијата предизвика вознемиреност, а надлежните институции треба да постапат според утврдените безбедносни процедури и да ги проверат наводите.

Засега нема дополнителни информации за содржината на дојавите, ниту за тоа дали при проверките се пронајдени сомнителни предмети.