СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(53) од село Стримница, Општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според информациите од полицијата, на 24.07.2026 година на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот додека управувал патничко возило „мерцедес“ не застанал по дадена наредба од страна на полициски службеник. Тој продолжил со движењето и со возилото удрил во полицискиот службеник кој во тој момент извршувал редовни службени дејствија.
