Тој вели дека доколку има потреба ќе продолжи полицискиот час.

– Во зависнот од индикаторите ќе утврдиме дали има потреба, и доколку има секако дека ќе ги продолжиме, истакна ресорниот министер.

Во однос на вакцините уште еднаш истакна дека сите се безбедни, проверени.

За себе вели ќе се вакцинира кога ќе пристигне поголема количина и кога ќе му дојде редот, додавајќи дека не сака да не го земе редот на некој што е во поголем ризик.