Поранешниот доктор на олимпискиот тим на САД, Лери Насар кој доби затворска казна од 60 години поради детска порнографија и злоставување на малолетнички бил избоден со нож во затворот на Флорида, објавуваат американските медиуми.
Според информациите, друг затвореник неколку пати го избодел Насар откако претходно имале вербална расправија. Докторот веднаш бил пренесен во болница и во стабилна состојба.
Ќе потсетиме, во компјутерот на Насар во 2016 година беа откриени над 37.000 фотографии од сексуална злоупотреба на деца. Обвинетиот пред судот го призна делото.