Домазетот во владата Ковачевски и Груби ќе потрошат дополнителни 11 милиони за специјалисти со плата од 36.500 евра за надзор над коридорите.Според деловите од договорот помеѓу изведувачот и владата кои до ВМРО-ДПМНЕ ги доставија свиркачи може да се заклучи дека ќе бидат исплатени дополнителни 11 милиони евра за ангажирање на најмалку пет специјалисти за надзор за период од пет години со месечна плата од 36.500 евра.
Домазетот Ковачевски и Груби се обврзале дека изведувачот има право да ангажира специјалист или специјалисти во множина чии што број ќе биде договорен помеѓу изведувачот и Владата, кој што ќе имаат четири насоки на работа, создавање на спецификации за автопатите, создавање на студии за влијание врз животната средина, понатаму студии за влијание врз заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите.ВМРО-ДПМНЕ од сам почеток кажува дека изградбата нема да чини 1.3 милијарди.
Првин власта се обврза на пенали од над 150 милиони евра, а сега секој ден излегуваат нови детали од договорот, со кој гледаме нови ставки кои ќе треба да бидат платени од буџетот.Дополнително на сето тоа, се става и сумата која ќе биде потрошена на покривање на експропријациите на недвижниот имот на трасата, што може да оди и до неколку стотина милиони евра.Домазетот во владата Ковачевски и Груби го прават грабежот на векот, и за тоа одговорност ќе има.