Донацијата, пред складиштето за вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ја предаде кинескиот амбасадор Џанг Ѕу на министерите за одбрана Радмила Шекеринска и за здравство Венко Филипче. Испораката на донацијата е договорена на средбата на Шекеринска со кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе при неговата посета на државава.

На крајот на минатиот месец во С Македонија пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ што Владата ги набави од производителот, а најавени се и 500.000 вакцини „Синовак“.