Под силно полициско обезбедување поворката на Трамп пристигна во затворот во Атланта. На поранешниот американски престедател му беа земени личните податоци, отпечатоци од прстите и му беше направена полициска фотографија, која беше веднаш објавена, што е преседан во американската историја.
По 20 минутната процедура Трамп беше ослободен, со кауција од 200 000 долари. Пред затворот го чекаа неговите симпатизери.
Пред да замине од Атланта , Трамп уште еднаш истакна дека целиот процес против него е политичка фарса и обид да се влијае на следните избори на кои тој е фаворит на Републиканците.
Својата затворска фотографија Трамп ја објави на мрежата ИКС, инаку поранешен Твитер со порака, Мешање во изборите, никогаш не се предавај повик за донации за неговата кампања.
Ова е негово прво постирање на социјалната мрежа, откако неговиот профил беше суспендиран поради нападот на неговиоте симпатизери врз Капитол на 6 јануари 2021 година.
Трамп во затворот во Атланта се појави во рамките на обвинението покренато против него и уште 18 други лица за незаконско поништување на резултатите од изборите во 2020 во Џорџија.
Обвинителството предложи судењето да започне на 23 октомври годинава.