Тој нагласи дека тоа е добар гест на пријателство и соработка и потсети дека тоа беше владина одлука како знак на благодарност за она што го направи Владата на Србија за вакцинација на македонските граѓани.

На новинарско прашање во однос на системот One stop shop, Спасовски посочи дека според најавите овој систем ќе се унапредува, бидејќи договорот предвидува контрола и на македонската и на српската полиција

– Се прават анализи за да може да се воспостави правна рамка за да има само една контрола на излез и на влез. Во оваа прва фаза има подобрување, но не е она што можеме до крај да го очекуваме, затоа сме со постојана комуникација со МВР на Србија за да можеме овие би рекол негативности што се појавуваат да ги отстраниме и да имаме подобар проток на лица и на стоки генерално, изјави министерот Спасовски, кој денеска заедно со претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска го посетија граничниот премин Табановце во рамки на кампањата „Вози одморен“.

Спасовски информира дека за ваков проект се разговара и со другите држави од опкружувањето, со цел, како што нагласи, да можеме во рамки на овој регион да имаме подобро движење.