Посетата на американската амбасадорка Анџела Агелер на Врховниот суд не била ниту редовна нити вообичаена туку одговор на вонреден апел за помош од дел од судиите во судот кој е крајна инстанца за судските процеси во Македонија, пренесува Експрес.мк
Посетата на Агелер се случила на барање на судии кои се под жесток притисок од владата, тврдат извори во Врховниот суд кои велат дека претходно до амбасадорката било упатено барање за помош преку политичкиот оддел во амбасадата на САД.
Од амбасадата се барало заштита од политички реваншизам.
,,Прочитајте го ставот на амбасадорката кој се содржи во соопштението од Врховниотсуд и како на искусни новинари ќе ви биде јасно што се случува”, вели изворот наexpres.mk во судот кој инсистира на анонимност.
Изворот признава дека е многу лошо кога домашните проблеми не треба да се решаваат преку странски амбасадори, но дека Агелер била единствената која може да ги заштити судиите од Врховниот суд од владата која вршела притисок за носење наедна конкретна одлука.
На средбата амбасадорката на САД ја истакнала потребата од силна поддршка на заложбите за независно и транспарентно судство и дека активностите на највисокиот суд во државата во таа насока даваат клучен придонес во реформскиот процес. Независноста на судството и клучните фактори кои придонесуваат за тоа биле главни теми на средбата на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, со американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ