Ноќеска во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.О. (21) од Чашка. Според пријавеното од очевидци, 21-годишникот без нејзина согласност ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, информираа од МВР.

По кратко време, полициските службеници го запреле возилото, по што Б.О. бил приведен во полициска станица.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање против 21-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.