Се евакуираат луѓе од трговскиот центар Арена Центар во Загреб поради дојави за бомби, јавува Индекс.хр.

Според хрватскиот портал, загрепската полиција потврдила дека добила дојава за две бомби во Арена центарот во Загреб.

Клиентите и вработените во трговскиот центар се пред зградата, а од гаражите излегуваат автомобили, пишува Јутарњи лист.