Како што известува Радио Слободна Европа, поранешниот премиер и сегашен пратеник Димитар Ковачевски доживеа драматичен раст на својот имот.
Од три стана, неговото портфолио сега брои четири стана и куќа, со вредност зголемена од 248 илјади на 365 илјади евра.
Ова го покажува споредбата на двата анкетни листа што ги поднел до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) – првиот кога стана премиер во јануари 2022 година, а вториот кога стана пратеник во јуни 2024 година.
Според новиот анкетен лист, Ковачевски поседува вкупно четири станови и една куќа. Еден од становите е во сопственост на неговата сопруга Елена. Пријавената вредност на недвижниот имот изнесува 365.000 евра, објави порталот.
Ова неверојатно зголемување отвора прашања за потенцијални нерегуларности и корупција, повикувајќи на итна истрага и одговорност.
Целиот текст за зголемувањето на имотот на Ковачевски на овој ЛИНК .