Таа во честитката посочува дека 75-иот роденден не може да се прослави како што доликува, но со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, работат и чекаат својата енергија, талент и магија да ги споделат со оние на кои им е наменет театарот – публиката!
– За жал не можеме да го наречеме среќен и да го прославиме на начин како што му доликува на Драмски: со сите актери на сцена, со цела техника, со полн салон, со аплауз. Но, со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката!, посочува Коцевска Хаџи Василева.
Воедно, вд директорката посакува сите следни родендени да бидат прославени со цел ансамбл и со полн салон.