Дрисла останува под надзор, останатите пожари ставени под контрола
Денеска утрово ЦУК информира дека на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Иако ситуацијата генерално е стабилна, еден пожар останува под контрола, додека 13 се целосно изгаснати.
Под контрола е пожарот во депонијата Дрисла во Општина Студеничани, каде се гори отпад.
Изгаснати се пожарите во следните подрачја:
Општина Струга – села Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума), населба Елен Камен (ниска вегетација)
Општина Липково – село Никуштак
Општина Гази Баба – село Булачани (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума)
Општина Старо Нагоричане – село Челопек (плевна и ниска вегетација)
Општина Крушево – село Норово (ниска вегетација и дел од дабова шума), Градска депонија (ѓубриште)
Општина Делчево – депонија Делчево (ѓубре тлее и чади)
Општина Босилово – село Иловица (депонија)
Општина Ново Село – село Мокриево (ниска вегетација), село Старо Коњско (депонија)
Општина Зелениково – село Страхојадица (ниска вегетација и ѓубре)
Општина Штип – во близина на Градски пазар (ниска вегетација)
Општина Шуто Оризари – улица „Хаџи Јован Шишко“ (ѓубре)
ЦУК апелира до граѓаните да ја почитуваат забраната за палење на отворен простор и да пријавуваат сомнителни активности кои можат да предизвикаат пожари.