На МТКФ државниот шампионат во енбу одржан викендот во Скопје најуспешни беа каратистите од Работнички.

Во категоријата кадети – сениори мешано најдобри беа: Работнички 1 (Матеј Мангаровски и Камелија Недев), второто место му припадна на Работнички 5 (Матеј Мангаровски и Матеј Јарчевски), додека третата позиција ја поделија Работнички 7 (Георги Кокорманов и Андреј Трпков) и Скопје 5 (Александар Зафировски и Андреј Мишиќ).

Победници во категорија деца 11-13 години се Работнички 2 (Филип Недев и Георги Кокорманов).

Најуспешни во категорија деца 8-10 години машки беа Работнички 4 (Михаил Стојановски и Тадеј Недев).

Победници кај деца 8-10 години мешано се Работнички 3 (Магдалена Марија Митова и Тадеј Недев).