ДУИ повторно по којзнае кој пат манипулира
Наспорти нивните тврдења државниот врв сепак испратил честитки за независноста на Косово. Партијата на Али Ахмети лаже кога тврди дека Македонија не честититала независност на Косово, а тоа го направила претседателката Силјановска Давкова.
Со жалење и сериозна загриженост го констатираме преседанот што се случи оваа година — по првпат, институциите на државата, вклучително претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, не упатија официјална јавна честитка по повод Денот на независноста на Република Косово, соопшти утрово ДУИ.
Нивното соопштение детално може да го погледнете во продолжение:
ДУИ повторно се жали: Власта не ја честиташе независноста на Косово
Сепак, официјалните информации како што објави МКД.мк се сосема поинавки.
Зошто Мала Речица безочно лаже за работи кои лесно може да се проверат?
Вчера таква честитка биле испратени и од претседателот на Собранието Африм Гаши и од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Освен тоа, официјалните информации кажуваат дека првиот заменик-претседател на Владата на Македонија, Изет Меџити, присуствуваше на државната церемонија по повод 17-годишнината од независноста на Република Косово, организирана од претседателката Вјоса Османи, претседателот на Собранието Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти.
И покрај ова, ДУИ на Али Ахмети денеска продолжи да манипулира со своето гласачко тело.