Закажаната седница на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање која требаше да се одржи денеска во 11 часот, е одложена од непознати причини и не се знае за кога, пренесува Курир.

Причината е што Европскиот фронт решиле да стави на чело на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање пратеници што немаат безбедносен сертификат, односно ликови кои не можат да ги добијат истите затоа што не ги исполнуваат условите за безбедност и намерно не ги менуваат со други свои пратеници, така директно овозможувајќи и на АНБ да работи без контрола на Собранието.

Седницата денеска ребаше да ја води пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска која е членка на Комисијата, бидејќи претседателот Скендер Реџепи од „фронтот“ нема безбедносен сертификат од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а седи на местото и не го напушта.

Според најавата, која што сега е избришана од собраниската веб-страна, единствена точка на дневен ред беше предлог-одлука да се влезе во контрола на АНБ, по обвинувањата на нејзиниот директор Бојан Христовски и на премиерот Христијан Мицкоски дека како лидер на опозицијата бил прислушуван.

Неофицијално, седницата на оваа парализирана, а многу важна собраниска комисија, пак е одложена поради „небезбедниот“ Реџепи пишува СДК. Претседателот на Собранието Африм Гаши требало прво материјалите за седницата да му ги прати на Скендер Реџепи и да го задолжи да закаже. Ако не закажува, тогаш друг некој од членовите ја закажува седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР. Сега наводно бил прескокнат Реџепи и материјалите ѝ биле дадени право на Петровска.

Ова требаше да биде само трета седница од новиот парламентарен состав на чело со ВМРО-ДПМНЕ на Комисијата која е единствена што може да го исконтролира колку-толку прислушувањето. Ни заменикот-претседател Блерим Беџети од ДУИ нема безбедносен сертификат, па и тој не може да закажува седница.

Според договорот, овојпат претседателското и потпретседателското место на Комисијата припаднаа на опозицијата од албанскиот блок, т.е. на Европскиот фронт предводен од ДУИ.