ДУИ обвинува дека застапеноста на Албанците во државните институции продолжува да се намалува, посочувајќи дека годинава за првпат од основањето на Воената академија во 1995 година не бил примен ниту еден албански кадет.
Од партијата одговорноста за ваквата состојба ја лоцираат кај ВЛЕН и Владата, оценувајќи дека отсуството на албански кадети отвора сериозни прашања за почитувањето на принципот на правична и соодветна застапеност во институциите.
ДУИ смета дека ваквите состојби го нарушуваат духот на Охридскиот рамковен договор и негативно влијаат врз меѓуетничките односи и довербата меѓу политичките партнери.
Од партијата бараат ВЛЕН да одговори зошто не е обезбедена застапеноста што ја ветувала, нагласувајќи дека еднаквоста во институциите не треба да биде само декларативна заложба, туку реална практика.
„Застапеноста не е привилегија, туку начело. И таа не смее да биде заложник на политичките калкулации“, наведуваат од ДУИ.
