ДУИ изрази загриженост за одлуката на Јавното обвинителство за 30-дневниот притвор на поранешниот министер Крешник Бектеши. Но и за други претставници на претходната влада во врска со трагедијата во Кочани. Партијата смета дека процесот е неоснован, политички мотивиран и селективен, нагласувајќи дека е потребна длабинска и непристрасна истрага.

Адвокатот Миланов за притворот на Бектеши: Да сакаше да бега, ќе го направеше – но сам се пријави во полиција

Во своето соопштение, ДУИ објасни неколку клучни аспекти на случајот. Според партијата, концептот на „верижни пропусти“ кој се користи во обвинението не постои во Кривичниот законик. Истакнуваат дека лиценците за ноќните клубови се обновуваат годишно, а главната одговорност лежи кај оние кои требало да спречат функционирање на клубот без лиценца во ноќта на трагедијата.

Покрај тоа, ДУИ посочува дека издадените лиценци за клубот биле за кабаре, кое има посебни услови, а не за ноќен клуб, каде присуството на 650 луѓе е надвор од секој безбедносен стандард.

ДУИ исто така изрази загриженост за супремацијата на Владата врз Обвинителството, што според нив ја нарушува довербата во истражниот процес. Од партијата побараа правните процеси да бидат праведни, транспарентни и засновани на закон, без влијание од политички мотиви.

Партијата изрази сочувство до семејствата на жртвите и нагласи дека остануваат покрај граѓаните и ќе продолжат да се борат за правда и транспарентност во расветлувањето на трагедијата.

Извор: Миа