Адеми рече дека се надеваат дека ќе најдат заедничко решение за прашањето за државјанството.

– Демократската унија за интеграција и на првиот и на вториот состанок, преку свои претставници во Владата е дел од дијалогот и решението. Денес на оваа средба е заменик министерот за внатрешни работи, г-дин Назим Буши. Повикувам на рационален и сериозен пристап. Верувам дека сите аргументи ќе бидат пребарувани и ќе постигнеме заедничко решение кое во последна инстанца има за цел да го реши ова прашање, рече меѓу другото, Арбер Адеми, пратеник на ДУИ.