Откако на прославата на Денот на албанското знаме млади членови на ДУИ кои имаат фотографии со Артан Груби пробаа да направат меѓуетнички конфликт, сега одат чекор понапред. Имено, ДУИ презеде акција со „ноќни стражи“ пред зградата на Уставниот суд. Нивното образложение е дека стражарат за заштита на албанскиот јазик. Ваквите стражи веднаш беа искоментирани од албанската владејачка ВЛЕН кои нагласуваат дека албанскиот јазик не е загрозен.
Членови на Демократската унија за интеграција од синоќа се пред Уставниот суд. Најавија дека ќе стражарат до среда, кога судиите треба да расправаат за Законот за употреба на јазиците.
„Стража на јазикот“ е одбрана на мултиетничка Северна Македонија, изјави потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.
Централното претседателство на партијата денеска ќе одржи состанок на којшто ќе одлучува за следните чекори.
Останува да видиме дали и ова е дел од обидот за дестабилизација на државата. Премиерот Христијан Мицкоски и покрај заканата за дестабилизација од ДУИ смета дека на 11 декември нема да се случи ништо.