Центарот за управување со кризи извести дека денеска околу 11 часот избувнал пожар во атарот на село Милетино, општина Брвеница.

– Пред малку пожарот навлезе во борова шума, садена од поранешната ЈНА, поради што кон овој шумски пожар полетаа два ер трактори на ДЗС и еден хеликоптер на МВР кои ќе им помогнат на пожарникарите од ТППЕ Тетово во гаснењето на овој пожар, велат од ЦУК.