Претставници на 17 општини од Косово и Србија денеска беа во посета на Општина Тетово и разгледување на градот, а со цел развивање на соработка во областа на туризмот.

Градоначалници, заменици градоначалници и административци разговараа со Биљал Касами, градоначалникот на Тетово кој рече дека нема некоја формална организација на општините туку на туристички развој.

-Соработката меѓу нашите држави во регионот веќе постои, а ние како градоначалници претставници на народот може да придонесеме да се засили соработката помеѓу нашите држави. Имаме заеднички проекти со некои општини, оваа посета е во духот на разгледување на можностите за идна соработа, во интерес на граѓаните, на нашите општини. Како што рече амбасадорот, соработка во рамките на некои области кои ги имаме поконкретно во делот на туризмот. Значи тоа што веќе нашите држави и влади соработуваат преку заеднички состаноци, а ние сакаме тоа да го имплементираме на терен во конкретна соработка меѓу општините, истакна Биљал Касами.

Беше организирана посета на повеќето тетовски знаменитости како Шарена џамија и Арабати Баба Теќе.