Артан Груби соочен со бројните фактите за криминал, корупција и злоупотреба на позицијата почна да лаже и манипулира. Тој вчера во гостување во една емисија на национална телевизија кажа дека од неговото министерство не се исплаќани пари на фирмата на брат му, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Артан Груби излажа кога кажа декa од неговото министерство не се исплаќани пари на фирмата ЕТЦ ТРАВЕЛ на неговиот брат, Ветон Груби. Вистината е дека покрај исплатите кои Владата ги има кон ЕТЦ ТРАВЕЛ на Ветон Груби и Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби, на 25.02.2022 година и исплатило 21.328 денари на фирмата. Можеби за Артан Груби 22.000 денари не се голема сума на пари, но затоа 22 милиони евра за надзорот му се значајни и важни пари. Документот од системот “Отворени финансии” е доказ дека министерот Артан Груби директно плаќа на сметка на ЕТЦ ТРАВЕЛ на брат му Ветон Груби. Покрај оваа исплата од Министерството за политички систем, фирмата на Ветон Груби има и други исплати во висина од над 1 милион денари од Владата во период 2020 до 2021 година, вели Митева.

Таа додава дека исплатата на буџетски пари од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде министер е Артан Груби кон ЕТЦ ТРАВЕЛ на братот Ветон Груби е директена корупција, злоупотреба на позицијата и судир на интереси.

-Артан Груби наместо да измислува нови лаги и изговори, треба веднаш да си поднесе оставка, а институциите да отворат случај. Ова е само врвот на сантата мраз наречена корупција на чие чело е Артан Груби, а која се гледа по смешната цена за која брат му Ветон Груби купил дуќан на улица Македонија за 700 евра по метар квадратен, а завршува со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д тежок 22 милиони евра, потенцира Митева.