Од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Гази Баба денеска бил лишен од слобода В.А.(30) од Скопје, за кого била издадена судска наредба, поради тоа што се барал за издржување казна затвор во траење од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик.
– В.А. бил предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна, стои во соопштението од МВР.
Утрово во 09.50 часот на ул.„808“ во Општина Гази Баба, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода, отсек Потраги, од слобода е лишен и З.Ќ.(46) од Скопје.
– По претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје тој се барал за издржување на казна затвор за извршено кривично дело по чл.378 од Кривичниот законик. З.Ќ. е предаден во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, се наведува во соопштението од МВР.