Според информацијата од СВР Тетово, денеска Одделението за внатрешни работи Гостивар по расчистување на осум тешки кражби, едно загрозување на сигурноста и едно опожарување на патничко моторно возило, до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Н.А.(42) од гостиварско Врапчиште. За него постојат основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 и „загрозување на сигурноста“ казниво по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Според сознанијата на полицијата, Н.А. се сомничи дека минатиот и на почетокот на овој месец, со употреба на сила, извршил осум тешки кражби во продавници и помошни објекти од куќи во поширокиот Врапчишки регион. Негов плен најчесто биле пари и стока која потоа ја препродавал. Покрај за кражбите, тој се сомничи, исто така, дека опожарил возило сопственост на едно лице од овој регион.