Полициски службеници од СВР Струмица денеска ги лишиле од слобода С.С.(44) и Д.Ј.(33), двајцата од с.Баница, Струмичко, бидејќи физички нападнале полициски службеник при вршење службени дејствија.

Како што информираат од МВР, двајцата притоа на полицискиот службеник му ја одзеле службената легитимација и мобилниот телефон.