Возило „Сеат“ со германски регистарски ознаки излетало од коловозот
Утрово на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинале двајца македонски државјани, јавуваат српските медиуми.
Според првичните информации, возилото марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. На самото место загинале мажот и жената – возачот и совозачот, а уште едно лице со тешки повреди било пренесено во болница.
Истрага за причините
Надлежните служби започнале истрага за околностите на несреќата. Се очекуваат дополнителни информации за причините кои довеле до трагичниот исход.
