На 28.07.2023 во 15:30 часот било пријавено дека во Скопје на мостот кој ги поврзува ул.„Самоилова“ и ул.„Иљо Војвода“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со грчки национални ознаки, управуван од Ф.Г.(29) од Скопје и патничко моторно возило „алфа ромео 159“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Е.(52) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.