На 28.07.2023 во 16:00 часот било пријавено дека во Штип на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Боро Арсов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо 406“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од Штип, и патничко моторно возило „фиат добло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(51) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.