-Имам чест во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот муслимански празник, Курбан Бајрам, празникот на солидарноста, добродетелството, на чистите срца и мисли. Овој празник, како и сите други празници воопшто, се денови кои создаваат едно поинакво чувство кај луѓето, поттикнуваат искрени насмевки и радост и топлина во срцето, се вели во честитката од Џафери по повод Курбан Бајрам.
Се собираат членовите на семејството раштркани насекаде низ светот, се додава во честитката, се споделуваат убави вести, меѓутоа и тажни вести. Тоа се прилики во кои се потсетуваме на сите оние кои не се повеќе физички помеѓу нас, меѓутоа за кои споменот го чуваме засекогаш.
-Животот е чудо само по себе, меѓутоа, знае и да погоди силно. Ете, токму тогаш излегува на површина големината и силата на обединувањето и заедничкото делување на луѓето, каде и да се наоѓаат. Сведоци сме на ненадоместливите загуби од КОВИД-19 во последниве две години, меѓутоа и на бројните природни несреќи, несреќи кои предизвикуваат човечки и материјални загуби. Нека биде празникот на Курбан Бајрам, со сета симболика што ја носи во себе, само уште еден потсетник за сите нас, да го цениме животот, да се цениме и почитуваме меѓусебно, во секој миг, секој ден и на секое место. Да подадеме рака на поддршка и кон блиските, и кон далечните, и кон соседот и фамилијата, кон непознатиот и непознатиот, без разлики. Пред сѐ и над сѐ, ние сме луѓе кои имаат исти потреби и желби, исти права и обврски.
Почитувани граѓани, Ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, во мигови на среќа и семејни радости, душевен мир и благосостојба за сите! Честит Курбан Бајрам!, се истакнува во честитката од претседателот на Собранието Џафери по повод Курбан Бајрам.