Безос, кој е на првото место на листата на најбогати луѓе во светот на Форбс со имот вреден околу 189 милијарди долари, најави заминување од функцијата извршен директор на Амазон во февруари, со цел да се посвети на својата вселенска компанија Blue Origin.
Безос планира да задржи 10,3 проценти од акциите во компанијата, како и позицијата извршен претседател на бордот на директори на Амазон.
Тој ќе му ја предаде позицијата извршен директор на Амазон на Енди Џеси, кој се приклучи на компанијата во 1997 година и кој во моментов го води секторот за облачни услуги на Амазон.
Во меѓувреме, Безос планира да се придружи на екипажот на вселенскиот брод-капсула Њу Шепард на неговата вселенска компанија на првиот патнички лет во вселената, што е закажан за 20 јули, на годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината во 1969 година.