Во интервјуто за магазинот „Инстајл“ минатата недела, Анистон кажа дека сè уште постои голема група на луѓе кои се антиваксери или не сакаат да ги слушаат фактите.
-Исфрлив неколку луѓе од мојата неделна рутина кои одбија да откријат дали се вакцинирани. Мислам дека е морална и професионална обврска да се каже тоа, изјави Анистон.
Едно од прашањата што ѝ беше поставено на Инстаграм е зошто се плаши од невакцинираните кога самата се вакцинирала.
-Ако сте заразени со некој сој, сè уште можете да ми го пренесете вирусот. Јас можеби ќе бидам малку болна, но нема да завршам во болница или да умрам. Но, можам да го пренесам вирусот на некои кои не се вакцинирале или имаат некоја медицинска состојба и да го доведам нивниот живот во ризик. За тоа сум загрижена. Мора да се грижиме и за други, не само за себеси, одговори Анистон, која има 37,7 милиони следбеници на Инстаграм.