Џихадисти убиле две лица и киднапираа 20 деца во нигериската држава Борно, каде што повеќе од една деценија беснее исламистички бунт, соопштија денеска еден од водачите на заедницата и двајца жители.
Жителите и водачите на заедницата изјавија дека џихадисти од западноафриканскиот клон на Исламската држава вчера го нападнале североисточното село Пиеми во близина на градот Чибок, при што убиле двајца мажи и заробиле 13 девојчиња и седум момчиња.
Претставник на локалната власт го потврди нападот, но не даде детали за киднапирањата.