Иван Џикиќ кој е хрватски научник и молекуларен билог, предупредува дека нема простор за релаксација бидејќи и земјите што успеале да вакцинираат повеќе од половина од населението, како Велика Британија, Шпанија и Португалија, се најдоа во големи проблеми.
Во интервју за сараевскиот Дневни аваз, Djикиќ истакна дека „вирусот делта“ се шири дури 60 проценти побрзо од првичниот британски алфа сој.
„Токму тоа доведе до ситуација во која, на пример, во Велика Британија, дури 90 проценти од новоинфицираните лица се заразени со делта“, вели Џикиќ, кој ја опишува ситуацијата во таа земја како опасна и која , како што вели, води кон полошо.
Тој посочи дека бројот на заразени лица се зголемува од ден на ден. А тоа, според него, значи дека овој вид може да создаде проблеми дури и со вакцините.
Сепак, неговата препорака е да се зголеми и забрза имунизацијата, но и да се засили тестирањето за да се утврди појавата на „делта вирус“.
Џикиќ тврди дека четвртиот бран на инфекција не може да се запре, но дека може да се контролира ширењето на вирусот