Нил Којл, пратеник од Лабуристичката партија, и пишал на Комесарката на лондонската полиција Кресиди Дик, барајќи од неа да ги испита извештаите дека премиерот се обратил на забава во ноември и дозволил божиќна забава за персоналот во декември, објави британски Гардијан.
Во тоа време имаше ограничувања кои го спречуваа дружењето. Откако го испратил писмото, Којл рекол дека верува оти има прекршување на законот.
– Повеќето од моите гласачи ги следеа правилата; оние кои не беа казнети. Џонсон не е над законот, и покрај фактот што верува дека заслужува посебен третман, посочи тој.
Бери Гардинер, поранешниот секретар за меѓународна трговија во сенка, исто така побара од лондонската полиција да спроведе истрага, додавајќи дека ако овие настани се случиле, тоа имплицира дека има едно правило за владата, а друго за сите останати.
Џонсон експлицитно не негираше дека забавите се одржале, но Даунинг стрит инсистираше да се почитуваат сите правила на Ковид.
Лондонската полиција вчера соопшти дека се уште не добиле поплаки за одржување на забавите.
Од своја страна, поранешниот главен регионален обвинител Назир Афзал повика на јавна истрага за пандемијата за да се истражат наводните прекршувања на карантинот на две забави на Даунинг стрит минатата година, како и патувањето на Доминик Камингс во североисточниот дел на земјата кога тој беше советник на Борис Џонсон.