– Напоменуваме дека согласно член 177-а став 4 од Изборниот законик Државниот завод за ревизија има надлежност да достави предлог до Државната изборна комисија за донесување на Одлука за забрана (суспензија) на исплатата на надоместокот на трошоците за финансирање на изборната кампања за локалните избори за 2021 година кои се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија на учесниците во изборната кампања кои нема да ги испочитуваат одредбите од член 84-б став 1 од Изборниот законик односно нема да ги достават горенаведениот извештај во пропишаниот рок и содржина до Државниот завод за ревизија, се наведува во соопштението од ДЗР.
Пропишана е и Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат, се појаснува, ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок од членот 84-б од Изборниот законик.
Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на вториот изборен круг треба да се достави до архивата на Државниот завод за ревизија или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно dzr@dzr.gov.mk испратен од емаил адресата на учесникот во изборната кампања која што е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Наведениот правилник е објавен и на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021.