Како што велат од Статистика, самопопишувањето продолжува со несмалено темпо, а во последното деноноќие се регистрирани 11101 нови попишани за еден ден.

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171 620 државјани на РСМ кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март, до денес. Само во последното деноноќие се попишани 11 101 лице, а интересни се и бројките по земји: Дали сте знаеле дека во Џибути има 3 македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11 итн.
Навистина нè има насекаде и тоа треба да го покажеме!, велат од Државниот завод за статистика.