На територијата на државата денеска до 18 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, еден сè уште е активен, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активен е пожарот во близина на крушевското село Борино, каде што гори ниска вегетација.
Под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, на подрачјето меѓу месностите Дабова Дупка, Јасен и Кајорец и селото Белица. Таму со огнот е зафатена нискостеблеста и мешана борова шума.
