Едно лице загина, а неколку се повредени во верижен судир што се случи утринава на автопатот Белград-Нови Сад, на наплатната рампа кај Стара Пазова, пренесуваат српските медиуми. Според „Новости“, во верижниот судир кој се случил околу осум часот учествувале околу 30 автомобили, а сообраќајот од правец на Белград сè уште се одвива бавно.

Засега не се знае под кои точни околности дошло до судирот.