Неидентификувани вооружени лица синоќа отвориле оган во бар во централниот мексикански град Ирапуато, убивајќи притоа шест жени и пет мажи, соопштија локалните власти.
Ова е второ масовно убиство во државата Гуанахуато за помалку од еден месец.
Локалните медиуми јавуваат дека во нападот се повредени и три други лица.
Градската влада соопшти дека безбедносните сили се обидуваат да ги пронајдат напаѓачите, а нападот се случил во населбата Лупита, во јужниот дел на Ирапуато.
Мотивот за пукањето се уште не е познат.
Гуанахуато, главен производствен центар и област каде што многу од врвните светски производители произведуваат автомобили, во последниве години е центар на брутални судири меѓу ривалските нарко банди.
Пред нешто помалку од еден месец, во истата држава вооружени напаѓачи убија 10 лица во напад во бар во град Тримор, на околу 96 километри југоисточно од Ирапуато.