Како започнаа борбите?
Борбите почнаа на 7 октомври кога Хамас изврши смртоносен напад врз јужен Израел. Оттогаш, Израел немилосрдно го бомбардира појасот Газа и исто така почна копнена офанзива која срамни со земја цели населби. Офанзивата ги расели повеќето Палестинци во Газа, затвори повеќе од половина од болниците во Газа и доведе до широко распространет глад.
Цивилите жртви на војната
Во нападот на Хамас во октомври загинаа околу 1.140 лица во Израел, од кои повеќето цивили, наведуваат израелските власти. Според нивните податоци, околу 250 лица беа земени како заложници од палестинските радикали. Околу стотина од нив беа ослободени со примирјето кон крајот на ноември, а роднините на оние кои се уште се во заробеништво продолжуваат да вршат притисок за нивно ослободување.
Годишнина од војната
Израел и светот ја одбележуваат годишнината од нападот на групата „Хамас“. Повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои и деца, станаа жртви на крвавиот напад. Над 250 Израелци беа земени како заложници од радикалната организација во Појасот Газа. 97 заложници се уште не се вратиле дома, а 33 се прогласени за мртви. Следуваше напад на Израел во Газа, а потоа и на Хезболах во Либан. За време на офанзивата во Појасот Газа загинаа најмалку 41.825 Палестинци. Според властите, повеќе од 2.000 луѓе се убиени во Либан од октомври 2023 година.
Ракети од Хезболах
Во последните часови ракети истрелани од либанската група „Хезболах“ го погодија третиот по големина израелски град Хаифа. Според израелските медиуми, десет лица се повредени во северниот дел на земјата. Во соопштението на Хезболах се наведува дека целта на нападот била воена база јужно од Хаифа, која била погодена со лалво од проектили Фади 1. Според извештаите, две ракети го погодиле центарот на Хаифа – има уништен зграда и двајца ранети.
Израел вети одмазда против Иран „во место и време за кое ние одлучуваме“
Од своја страна, израелската војска соопшти дека нејзините авиони извршиле напад врз разузнавачки цели на Хезболах во Бејрут, вклучувајќи објекти за собирање разузнавачки информации, командни центри и други инфраструктурни цели.