Скандалот со наплатата на свидетелсtва го објави Сојузот на средношколци кој побара од инспекторатот истрага, а покрај овие две гимназии посочени беа и „Зеф Љуш Марку“ во Скопје и „8 ми септември“ во Тетово, каде исто така бил извршен надзор но не биле потврдени наодите.

Во гимназија „Никола Штејн“ е утврдено дека дел од класните раководители побарале и зеле пари од учениците и за тоа биле известени и родителските совети, додека во прилепската „Мирче Ацев“ дел од класните раководители собирале по 30 денари од учениците за изготвување на свидетелствата.

На двете гимназии им е укажано веднаш да ги вратат паричните средства и за тоа да го известат инспекторатот.

Од инспекторатот соопштија дека директорите на училиштата изјавиле дека неколку пати усно, а во некои случаи и по писмен пат, ги известиле наставниците дека е забрането плаќање на свидетелства и дипломи а тоа го потврдиле и од советите на родители.